Apple Maps против Google Street View

Од:

Американскиот технолошки гигант Apple потврди дека на улиците ќе испраќа автомобили со камери за да го унапреди својот сервис со мапи Apple Maps со што му конкурира на популарниот Street View на другиот гигант Google.

Автомобилите на Aplle се забележани на улиците ширум САД, но никој не бил запознаен која е нивната цел. На посебната интернет страница на Apple во средата беше објавен распоред на картографските активности во САД, Велика Британија и во Ирска.

Apple ја покрена апликацијата Maps во 2012 година, но корисниците забележаа големи грешки, како што е сместување на некои градови на погрешни локации. Со собирањето на сопствените податоци американскиот технолошки џин сега очигледно има намера да ги избегне таквите грешки.

Компанијата соопшти дека ќе ги замаглува регистарските таблички на снимените автомобили и лицата на случајните минувачи на улиците.

Сепак, сé уште најпопуларна програма од овој вид е Street Viеw којашто постои од 2007 година. Освен Apple, и компанијата Nokia започна со снимањето на улици за својата апликација Here.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска