Премиерот на Молдавија Кирил Габурич денеска соопшти дека поднесува оставка. – Јас не сум политичар, јас сум менаџер. Земјата има потреба од промена на политичкиот систем, изјави тој.
Кирил Габурич, проевропски бизнисмен, во февруари годинава стана премиер на малата поранешна советска република. Неделава тој ги повика генералниот обвинител и шефот на централната банка да поднесат оставка поради неефикасно работење во случајот со одлив на една милијарда долари од три молдавски банки.