Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се сметаат за исчезнати во одронот кој, предизвикан од обилните врнежи, затрупа шест планински села во североисточниот дел на Непал, соопштија денеска локалните власти.
Силен дожд и натаму врне, поради што е и отежната спасувачката акција во областа Таплеџунг, на околу 500 километри источно од престолнината Катамнду, пренесува Танјуг.
Одронот се случил во средата навечер, додека локалните жители спиеле.
Ова се наобилните врнежи кои ја погодиле оваа област во последните 27 години.
Во планинскиот дел на Непал, за време на монсунската сезона која почнува во јуни, а завршува во септември, одроните се многу чести.