Во текот на ноќта падна снег во Австрија, а снежната покривка во некои делови од земјата предизвика проблеми во сообраќајот.
Во местата Расштат и Кримл, на територијата на покраината Салцбург, утрово имаше снег од осум центиметри, а на планините Оертауерн и Сонблик, снежната покривка достигна висина до 42 сантиметри.
Проблеми во сообраќајот забележани се на автопатот Тауернаутобан, како и на патиштата во покраината Тирол.