Заев: Груевски е подготвен сите да ги продаде за да остане на власт

Од:

Преговорите за разврска на политичката криза пропаднаа затоа што е неразумно и нелогично креаторот на кризата Груевски да остане да раководи со владата која треба да организира, подготви и спроведе предвремени избори.. Нашите услови се јасни, нема пазарење, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Алсат-М по 12-часовната средба во Брисел која заврши без договор. Тој од премиерот Груевски беше обвинет дека е одговорен за неуспешните разговори.

– Нашиот став е повеќе од јасен и ги аргументира во сите овие месеци нашите позиции. Груевски е подготвен сите да ги продаде. Да направи чекори, се да направи само тој да остане на чело на Владата. Ако имаме избори кои ќе ја изразат волјата на граѓаните, тој ќе го доживее поразот кој години досега го заслужува. Мора да се обезбедат услови за независни, фер и демократски избори – рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време