Секој втор возач во Фрација не ја разбира сообраќајната сигнализација

Од:

Според студијата на органот задолжен за безбедност во сообраќајот, осигурителната компанија Алианз и специјалистот за поправка на автомболски стакла Карглас, секој втор возач во Франција не ја разбира најдобро патната сигнализација, бидејќи таа станува се посложена, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Кое светло треба да се вклучи кога врне дожд на автопат, кое е минималното растојание што треба да се има кога се претекнува велосипедист, која брзина не смее да се надмине во „зона на средба“, ова се прашања кои речиси половина од возачите од Франција не ги разбираат.

Студијата покажува дека секој втор возач се сомнева за значењето на некои сообраќајни знаци. Истовремено, колку и да изгледа парадоксално, 71% од иситанicite сметаат дека ако денес повторно го полагаат возачкиот испит, ќе го положат успешно.

Здружението за безбедност во сообраќајот ги повикува возачите до 16 јуни да ги тестираат своите познавања на сообраќајните правила, одговарајќи на десетина прашања на интернет stranata www.defidelaroute.fr.

Во квизот се опфатени повеќе теми како ограничувањето на брзината, претекнувањето, видливоста, раскрсниците. Имено многу возачи мислат дека откако го положиле возачкиот испит, сите знаења и правила кои се стекнати остануваат исти, но сообраќајните правила еволуираат постојано.

Од 2006 година кога е донесен последnиот закон и развојот на „спокојниот сообраќај“ во градовите, во Франција се појавија седум нови сообраќајни знаци.

На прво место знакот Б6б3, кој сигнализира zона со контролирано паркирање од страна на диск (сина зона), Потоа појавата во центарот на градовите на знаците Б52 „зона на средби“ меѓу велосипедисти, пешаци или автомобили кои не смеат да возат повеќе од 20 кm на час.

Во јули 2010 година во Париз се појавија квадратни знаци кои означуваат насока за движење на велосипеди во две насоки, како уште три нови знаци во 2011 и 2012.

Три четвртини од возачите, на пример, не знаат се уште како да возат на кружен тек, a некои, посебно постарите возачи се малку изгубени, бидејќи патната инфраструтура се промени многу последниве 40 години.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата