И покрај фактот дека голем број луѓе своето прво кафе го пијат во моментот по станувањето од кревет, научниците тврдат дека постои многу подобро време.
Утринското кафе е задолжителен ритуал на многу луѓе во светот посебно во нашите краишта, но најновите истражувања покажаа дека наутро е погрешно време за овој мал, сладок ритуал..
Ако се верува на научниот канал ASAP Science, кафето рано наутро нема никакво влијание на нашето тело и тоа заради кортизолот, хормон кој делува како одговор на стрес и има природно високо ниво три пати дневно, а првиот удар е во раните утрински часови.
Кофеинот му пречи на неговото природно производство и телото почнува да го произведува помалку, мислејќи дека кофеинот ја надополнува разликата.
Нивото на падот околу десет часот е знак дека кофеинот навистина врши работа и првото утринско кафе би требало да се пие меѓу десет часот и пладне, а попладне е совршено време меѓу 14 и 17 часот .