На платформата за споделување на видео содржини „ЈуТјуб“ моментално 1080п полека го заменува 720п стандардот, додека 4К е се повеќе распространет. Сепак, изгледа дека 8К е следниот чекор за „ЈуТјуб“, а иако тоа не е официјално потврдено, на платформата веќе се поддржува 8К видео.
Моментално на „ЈуТјуб“ се достапни само неколку видеа со 8К резолуција.
Најголем проблем за 8К видео записите моментално претставува недостигот на монитори, што поддржуваат ваква резолуција. Постојат само телевизори со 8К резолуција.
Сепак можноста за поставување 8К видеа на „ЈуТјуб“ постои и веќе може да се користи. Освен добар монитор, исто така, е потребна и брза интеренет конекција.