Во Тајланд започна кампања со која, најверојатно, ќе се овозможи водачот на државниот удар, сега преоден премиер генералот Прајут Кан-ока и раководството на воената хунта да останат уште две години на власт.
На основа на еден член на преодниот Устав од минатота година постои можност и без избори сегашната владеачка гарнитура да остане на власт, ако тоа го побараат мнозинство од граѓаните.
За да се обезбеди мнозинството, на иницијатива на тројца членови на привремениот Законодавен Совет, започна собирање на потписи на петицијата со која се бара генералот Прајут да остане на власт уште најмалку две години. Петицијата со која се бара генералот Прајут да остане „ за да ја реформира државата и да ја зацврсти стабилноста на нацијата’’ само водва дена ја потпишале над 50.000 лица, а во кабинетот на преодниот премиер и во инститциите што го подготвуваат новиот Устав го донесоа 200 будистички свештеници на чело со првиот свештеник на познатиот храм Орнои, Пра Буда Иссара.
Предавајќи копија на петицијата во Националниот Совет за реформи будистичките свештеници пред новинарите изјавија дека на генералот Прајут треба да му се даде време, не само за да ги заврши реформите туку и неделава најавената борба против корупцијата во Тајланд. Свештениците не веруваат дека вака важни задачи може да заврши цивилна власт.
По военниот удар од 22 мај минатата година и вспоставување на привремена влада и тела кои што треба да го подготват новите избори, речиси целосната управувачка структура е составена о припаднии на тајландската армија. Водачот на хунтата, генералот Прајут прво најави дека Тајланд ќе биде подготвен за избори до октомври годинава, но покасно, а и сега, се отфрла можноста нов Устав да биде готов до април-мај идната година. По евентуалното оддржување на референдум за новиот Устав, избори би се оддржале во рок од 3 до 5 месеци.
Од кабинетот на Прајут денеска соопштија дека тој не е лично заинтересиран да остане на власт, бидејки во текот на целата војничка кариера, а и сега, ја практикува власта. Тоа, според аналитичарите, не значи дека Прајут нема да прифати да остане уште најмалку три години на власт. Единствена можна причина да не се случи тоа е притисокот на меѓународната заедница, најмногу од САД и ЕУ, кои инсистираат воената хунта побрзо да ја врати власта во раце на тие што ќе победат на избори.