ЦИВИЛ: За Македонија се потребни вистински демократски реформи

Од:

Препораки на ЦИВИЛ – Центар за слобода, за итни мерки кои треба да се преземат за решавање на политичката криза и враќање на демократијата во Република Македонија

Република Македонија има потреба од вистински и сестрани демократски реформи. ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучи на коалицијата Граѓаните за Македонија и целосно ги поддржува барањата и условите кои веќе беа презентирани на јавноста, на Владата и на меѓународната заедница. Тука е вклучено и барањето за оставка на Владата, ревизија на избирачкиот список, елиминирање на партиското влијание врз Македонската радио и телевизија(јавниот радиодифузен сервис) и организирање на слободни и демократски избори. На сегашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски не треба да им се дозволи организирање на избори, со оглед на изборните измами спроведени во последните години од нивното владеење.

Цврсто сме убедени дека дадениот рок за подготвување на предвремени парламентарни избори во април 2016 е премногу краток. Наша силна препорака е да се продолжи овој период до 18 месеци или повеќе, со цел да се создадат потребните услови за слободни избори. Поточно, препорачуваме овој период да се смета од денот на формирање на преодната влада.

Претходно, граѓанските организации во Коалицијата се обратија до високи дипломати на странската дипломатија со повеќе предлози, меѓу кои е и барањето за вклучување во процесот на преговори(LINK или на www.gragjanite.mk)
Цивил – Центар за слобода имајќи го искуството во долгорочното набљудување на изборите и состојбата на човековите права и слободи во земјата, како и анализи на изборниот систем, нуди екпертиза и асистенција во областите неопходни за враќање на демократијата во земјата. Во продолжение, накратко ги претставуваме приоритетните мерки кои треба да бидат земени предвид:

1. Нов состав на Државната изборна комисија

Оваа мерка е од суштинско значење за ослободување на оваа тело од влијaнието на било која политичка партија. Комисијата треба да биде составена од експерти, претставници на граѓанското општество и странски експерти и претставници.
Ревизијата на Избирачкиот список треба да биде спроведена од страна на независен орган составен од граѓанското општество и од домашни и странски експерти.

2. Реформи на избиракиот систем

Овие реформи вклучуваат голем број на промени, како што се: Македонија да биде една изборна единица, отворени листи, мерки за да се спречи изборен фалсификат, според елаборираниот пакет предлози на ЦИВИЛ – Центар за слобода, а во соработка со искусни организации во земјата и во странство.

3. Суштински реформи во сферата на медиумската регулатива

Со ова се подразбира нов состав на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медимуски услуги (претходно Совет за радиодифузија) и на Агенцијата за електронски комуникации, со цел да се добие барем минимум слобода на изразување и услови за постоење на слободни и независни медиуми.

4. Формирање на специјална комисија која ќе ја истражи безбедносната криза во Куманово на 9-ти и 10-ти мај

Постојат сериозни наводи за инволвираност на владини претставници во целиот проблем, со високо коруптивни елементи, кои доведоа до кризата и може да предизвикаат тешки последици за безбедноста.

5. Формирање специјална комисија за истрага на наводите за криминал кои произлегуваат од прислушуваните телефонски разговори кои ги објави опозицијата

Според наводите, преку 20,000 лица во земјата биле прислушувани во масивна операција за прислушување оркестрирана од Премиерот Никола Груевски и Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Овие разговори откриваат злоупотреба на моќта во големи размри, изборна измама, долга листа на криминали од страна на страна на највисоките претставници на власта.
Понатаму, предлагаме отворање на меѓународна, независна истрага за наводите за масивната злоупотреба на јавните фондови и нивното изнесување од земјата.

6. Итни мерки за реформи во судството и во јавното обвинителстово

Оставка на јавниот обвинител е очигледна мерка. Покрај тоа, итни мерки треба да се преземат со цел да се реформира судството и јавното обвинителство. Ова значи дека поставување на тело – специјален совет на судии, меѓународни експерти и претставници на граѓанското општество кои ќе имаат мандат да го следат или да стават вето на одлуките и судските пресуди. Ова треба да послужи како основа за темелни реформи во правосудскиот систем во земјата во блиска иднина.

Како дел од интервенциите во судството, потребно е итен прекин на политички мотивирани судски процеси против опозицијата, активистите за човековите права и новинарите и ослободување на политичките затвореници.

Од 2010 година, ЦИВИЛ – Центар за слобода јавно упатува барања за крај на политичкиот прогон.

Во тој поглед, уште еднаш, изјавуваме:

Политичките затворенци не се единствената карактеристика на партизираното судство, но секако се видлива илустрација на состојбата на правосудните институции. Во ваква состојба, тешко е да се замислат фер и демократски избори.

Бараме итно запирање на политички мотивираниот прогон на новинарите и граѓанските активисти.

Бараме итен прекин на политички мотивираните судски процеси против опозицијата.

Бараме итно ослободување на политичките затвореници и притворените лица, особено оние кои беа притворени по протестите на 5 мај.

7. Предвремени парламентарни, претседателски и локални избори

На крајот, Цивил – Центар за слобода ги повторува барањата за предвремени локални и претседателски избори во 2016, истовремено со предвремените парламентарни избори.

Оваа изјава е врз основа на долгорочното набљудување на нашата организација и на заклучоците донесени во извештаите за изборите во 2013 и 2014 година, како и други извештаи и анализи и јавни барања од страна на државни и други релевантни организации и институции на национално и меѓународно ниво.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски