Се повеќе жени го следат трендот да имаат свои колиби каде можат да побегнат од секојдневниот живот.
Сандра Фостер, која изгради колиба на планината Катскил во близина на Њујорк, истакнува дека малиот простор го користи како засолниште од стресот на работа.
Иако колибата е мала има доволно место за софа, полици со книги, дури и за кревет на кат.
Писателката Барбара Текел ја има „Зен колибата за пишување“. Таа ги охрабрува другите жени при уредувањето на своите колиби да остават личен печат бидејќи тоа е нивно место за одмор и за уживање.