Во словенечкиот рурален регион Радовљица е изградена една семејна куќа, која со својот груб изглед воопшто не наликува на традиционалните селски домови во Словенија.
За конструкцијата на оваа куќа е користено лакирано дрво, врз кое се поставени соларни панели. Покривот на куќата е заострен, а фасадата е изработена од поцинкуван метал и дрво.
Архитектите направиле интересна и чиста геометрсика форма со поврзување на хризонтално поставените отвори за воздух на северната и јужната фасада, со вертикално наредените поцинкувани панели со кои се прекриени покривот и делови од источната и западната страна.
Иако на ова куќа и недостасуваат класични прозорци, отворите меѓу панелите овозможуваат влез на природна светлина и воздух во внатрешноста, при што не е нарушена нејзината приватност.
Предноста на оваа куќа е што соларните панели и централното греење ја прават евтина за одржување и живеење.