Автомобил со кумановски таблички излетал од надвозник – Најмалку две лица загинаа

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа попладнево најмалку две лица загинале, а повеќе се повредени, кога автомобил бмв со кумановски регистаски таблички излетал од надвозникот во Бедиње на автопатот Куманово- Табановце.

Според портпаролот на СВР КУманово, Валентина Николовска несреќата се случила пред 17 часот, кога од засега непознати причини автомобилот кој се движел од населбата Бедиње кон центарот на градот изгубил контола и ја пробил заштитната ограда. Откако паднал на автопатот на него налетала цистерна, која во обид да го избегне бемвето се превртела неколку пати и преминала на другата коловозна лента. Во несреќата загинале две лица, а не се знае точно колку се пренесени во болница.

Очевидци кажуваат дека на лице место има две безживотни тела, а со возила на брза помош повеќе лица биле пренесени во болница. Увидот е во тек.

Сообраќајот на автопатот кон Скопје и Табановце во двете насоки е во прекин. Од СВР најавија повеќе информации по завршување на увидот.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски