Се одбележува Светскиот ден на акредитацијата

Од:

„Под мотото Акредитација: Поддршка во обезбедувањето на здравствено и социјална заштита“, Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) денеска ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата.

На одбележувањето ќе се обрати министерот за економија Беким Незири, директорот на ИАРМ Трпе Ристоски, претседателот на Советот на ИАРМ Борче Размоски и деканот на Медицинскиот факултет во Скопје Никола Јанкуловски.

Во рамки на свеченоста ќе биде промовиран Годишниот извештај за работа на ИАРМ за 2014 година, а традиционално ќе бидат доделени и 54 сертификати на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2014- мај 2015 година.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза