Николиќ: Ако го бараат Косово, не сакаме во ЕУ

Од:

Ако и официјално ни постават услов Европа или Косово, ќе се откажеме од европскиот пат. Тоа го говорев и во кампањата, вели за Вечерње Новости, претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

„Веќе 11 години гледаме како се исполнува се што посакуваат Албанците, веќе нема да биде така“.

Николиќ рече дека до сега никој официјално не побарал признавање на независноста на Косово и Метохија и додаде дека „ја уредуваат земјата по европски стандарди“.

„Ако сме стабилни и ги исполнуваме условите, не може Европа да биде нестабилна и постојано да ни поставува нови услови. Ние бараме само да ни се постават услови како и на другите земји, ни помалку, ни повеќе“.

„Затоа на преговорите би требало да се оди со директно прашање: Дали можеме да сметаме на преговори и членство во ЕУ, ако не се согласуваме со независноста на Косово и Метохија“.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски