Европската унија воведе денеска ембарго за оружје за поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех и за уште четворица Јеменци кои ги поддржуваат шиитските бунтовници Хути, јави ДПА.
Меѓу тие лица е и синот на Салех, Ахмед Али Абдула кој според ЕУ има важна улога за воените акции на Хутите.
Во декември ЕУ воведе забрана за патување и замрзна сметки на Салех и лидери на Хутите – Абдула Јахија ал Хаким и Абд ал Халид ал Хути.
Списокот беше проширен денеска со синот на Салех и бунтовничкиот лидер Абдулмалик ал Хути. ЕУ ја донесе одлуката поради мерки од ОН донесени во април.