Утре протестен марш за малата Тамара

Од:

Утре на четирите месеци од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, граѓанското движење „Протестирам“ ќе организира протестен марш од пристапот кон Владата на булевар „Св. Климент Охридски“ до Министерството за здравство на кој ќе побараат оставка и одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров.

„Оставките на двајцата, сега веќе поранешни директори на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази не се доволни. Најодговорен за смртта на Тамара е сѐ уште актуелниот министер за здравство, Никола Тодоров, кој вети дека ќе бидат платени сите трошоци за лекување и операција на Тамара, притоа излегувајќи од рамките на своите надлежности, а нам ни го одзеде правото да бидеме хумани и сами како граѓани да ги собереме потребните средства, зашто не верувавме дека некој може да биде толку суров и да излаже цел еден народ, за едно болно 9-годишно девојче, кое бара шанса за живот. Ве повикуваме да ни се придружите на протестниот марш на 9 јуни во 18 часот од пристапот кон Владата на булевар „Св. Климент Охридски“ до Министерството за здравство. Да им покажеме на властите дека не сме ја заборавиле Тамара, дека бараме правда за неа и дека нема да дозволиме убијци на деца да бидат на власт“, се вели на фејсбук-поканата за маршот.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

ВИДЕО: Вечерва се одржува доделување на музичките награди МАС

Драган Поповски

(ВИДЕО) Царовска: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите

Ана Ололовска

Галетановски до македонската дијаспора: Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди, никад да не се вратите

Татјана Ташкова

Би-би-си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија

Татјана Ташкова

Мицкоски: Честитки за Тамара, Македонија вечна

Галена Николовска-Ризвановиќ