Петгодишно дете загина во пожар на дива ромска населба во Лил

Од:

Едно петгодишно дете загина денеска во пожар што зафати шест караван-приколки од една дива ромска населба во францускиот град Лил, јави дописникот на МИА од Париз.

Спасувачките екипи и единица на противпожарната служба брзо стигнале на местото на несреќата, при што од семејството биле информирани дека им недостига едно од децата.

Регионалниот весник „Ла Воа ди Норд“ објави дека по гаснењето на пожарот, спасувачките екипи во опожарените остатоци го пронашле телото на петгодишното дете.

Пожарникарите констатирале дека причина за пожарот била експлозија во една од приколките.

Градоначалничката на Лил го посети местото на несреќата, изјавувајќи дека е ужасната од настанот.

Семејствата кои при пожарот останаа без своите живеалиште се евакуирани на безбедни места.

Според весникот „20 Минут“, во дивата населба живееле 25 семејства, сместени меѓу двете ленти на периферниот-заобиколен автопат околу Лил.

Ова не е прв пожар во ромските населби во Франција во кој животот го губат деца. Вчера едно петгодишно девојче загина во пожар во населба во Кариер су Поаси, а во февруари во сличен инцидент во Бобињи животот го загуби уште едно девојче.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата