Вавринка се проби на 4.место, Надал падна на 10.позиција на АТП листата

Од:

По завршувањето на Ролан Гарос очекувано најголем скок на АТП листата направи новиот шампион Стан Вавринка, кој се проби на четвртото место.

Финалистот Новак Ѓоковиќ остана на чело пред Рожер Федерер, додека деветкратниот освојувач на Ролан Гарос, Рафаел Надал по елиминацијата во четвртфиналето падна на 10.место.

Редослед на ТОП 10: Новак Ѓоковиќ 13.845 поени, Рожер Федерер 9.415, Енди Мареј 7.040, Стан Вавринка 5.835, Кеи Нишикори 5.570, Томаш Бердих 5.050, Давид Ферер 4.490, Милош Раониќ 4.440, Марин Чилиќ 3.460, Рафаел Надал 2.930.

Кај жените Серена Вилијамс ја потврди првата позиција, додека понатаму следат Петра Квитова, Симона Халеп, Марија Шарапова и Каролин Возниацки во првите пет.

Финалистката Луси Сафарова за првпат е меѓу првите 10 и се наоѓа на седмата позиција.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров