Тајландските медиуми денеска објавија дека поранешниот премиер Такшин Шинаватра, кој по соборувањето во 2006 година живее во доброволен егзил, од сега ќе користи пасош што му го издала Црна Гора.
Тајландскиот пасош на Шинаватра беше прогласен за неважечки пред две недели, од како воената хунта заклучи дека тој и во странство работи „против враќањето на демократијата во Тајланд’’.
Непосреден повод за поништувањето на тајландскиот пасош на Шинаватра беше неговото обраќање на меѓународна конференција во Сеул, Јужна Кореја, во почетокот на мај. Тој најдирекно го обвини водачот на хунтата, генералот Прајут Кан-ока за лицемерие, бидејки, наводно, едно кажува за домашната, а друго говори за меѓународната јавност.
Со одлуката на привремената влада за одземање на пасошот беше издадено и соопштение дека на поранешниот премиер му се одзема чинот мајор на полицијата, кој Такшин го стекнал по регуларен пат во полииската кариера.
Тајландски пасош Такшин доби од владата а неговата сестра Јинглук, која исто беше сменета од премиерската функција со воениот удар од 22 мај минатата година.