ВИДЕО: Грант од ЕУ за проект од општина Струмица

Од:

Струмица доби уште еден грант од Европската Унија , вреден 336.188 евра за реконструкција, реставрација и конзервација на бедемите на локалитетот „Цареви кули“.

Се работи за проектот за заштита и промоција на природното и културното наследство во прекуграничниот регион на Струмица и Кукуш.

Средствата се добиени од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција и изнесуваат 956.188,50 евра, од кои 336.188 евра се грант за општина Струмица, a носител на овој проект е општина Струмица во партнерство со општина Кукуш.

„Во конкуренција на 180 проекти од Македонија и Грција, овој наш проект е најдобро рангиран што е уште една потврда за нашата посветеност, инвентивност и професионален пристап кон изработката на таквите проекти, за што посебни заслуги има Одделението за локален економски развој при општина Струмица“, изјави градоначалникот Зоран Заев.

Општина Струмица, дополнително ќе инвестира средства и во промоцијата на „Цареви кули“ како туристички локалитет во градот. Според најавите, активностите од проектот треба да завршат за две години, кога Струмица и Македонија треба да го одбележат големиот јубилеј, илјада години од битката на Беласица.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он