Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Кисељак откако денеска во полуфиналето по голема борба загуби од Романецот Виктор Влад Корнеа со 2-0 во сетови.
На денешниот меч Јотовски имаше проблеми на својот сервис кога освои 50 % од поените 31/62.
Сепак ова е одличен резултат на нашиот тенисер, кој по финалето во Брчко избори полуфинале во Кисељак и ќе добие нови шест поени.
Од понеделник Јотовски ќе игра на фјучрсот во Сараево што се игра за нахраден фонд од 15.000 долари.