А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Куманово отворен фестивал за уметничка фотографија

by А1он06/06/2015 - 16:49170
Share0

Фестивалот на уметничка фотографија „Малински Фото Фестивал“ денеска беше отворен во Куманово. Љубителите на уметничката фотографија имаат можност да разгледаат околу 300 фотографии изложени на неколку локации во градот, како Центарот за култура, Уметничка Галерија, тетарот, клупски простории, кафе барови…

Добивај вести на вибер

– Фестивалот Малински првенствено е организиран и наменет за фотографите да разменат идеи, искуства. Имаме самостојни изложби, минијатури. Фестивалот овозможува да се видат најдобрите фотографии коишто минатата година добија први награди и беа избрани за најдобри во интернационални салони. Следуваат клупски фотографии, дури и аматерски фотографии од техничкото училиште. На изложбата „Тумба“ се најдобрите фотографии од фото клуб Куманово, на изложбата „Круг“ во „Трајко Прокопиев“ се најдобрите фотографии од Битола и Куманово, изјави Марина Крстиќ еден од организаторите.

Организаторите сметаат дека со фестивалот се афирмира уметничката фотографија.
– Успеавме да предизвикаме внимание едно поинакво доживување на фотографијата во Македонија. Фестивалот потполно беше прифатен од колегите, медиумите и на сите им е интересно што цел ден се дружиме и разгледуваме фотографии од цел свет. Од институциите не баравме покровителство, но следната година се надеваме дека ќе добиеме поддршка. Како и на клубот така и на градот му недостигаат ваков тип на манифестации, има многу фотографи од Куманово на кои им се потребни овие манифестации да ги изложат делата, изјави Дарио Королија исто така еден од организаторите на фестивалот.

На меѓуклупската изложба „Круг“ во НУКЦ „Трајко Прокопиев“ – Куманово, изложени се 51 од најдобрите фотографии на членовите од Фото клуб Куманово и Фото кино клуб Битола. Во „Касапски круг„ во кафе бар изложени се над 80 минијатури. Во холот на Центарот за култура изложени се фотографии на ученици. Клупската изложба ќе биде репрезентирана во Уметничката Галерија.
Самостојни изложби ќе имаат Зоран Ѓорѓевиќ фотограф од Србија и Предраг Поповски од Македонија.

Шест фото проекции ќе бидат прикажани во фоајето на Народен театар Куманово, каде ќе се претстават проекциите на Лили Марковиќ од Србија, Хулки Муради од Турција, Риланд Хоџа, Александар Наумчевски и Кирил Штрков од Македонија и Ахмед Абдулазим од Египет.

Фестивалот втора година по ред го организира Фото клубот од Куманово.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен