Женско финале на Ролан Гарос и доигрување на машкото полуфинале

Од:

Првата светска тенисерка Серена Вилијамс (САД) и Луси Сафарова (Чешка) денеска ќе го играат финалето на женскиот дел од Грен слемот Ролан Гарос.

Вилјамс двапати победувала на Отвореното првенство во Франција, за Сафарова (13. носителка) ова ќе биде прво финале на Ролан Гарос.

Во досегашните осум меѓусебни мечеви, исто толку пати победувала Американката.
Финалето е закажано за 15 часот.

Два часа претходно (13 часот) ќе продолжи од синоќа прекинатото полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ (Србија) и Енди Мареј (Велика Британија). До прекинот, кој се случи поради најава за невреме, српскиот тенисер водеше со 2-1 во сетови, а во четвртиот сет резултатот беше 3:3 во гемови.

Претходно Станислас Вавринка (Швајцарија) обезбеди финале по победата над Жо Вилфред Цонга (Франција).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров