Црвениот крст на Македонија денеска ќе отвори продавница за облека во која граѓаните може да купат половна облека по симбилични цени. Истовремено ќе промовира и четири контејнери за донирање облека кои се поставени во Скопје, Битола, Охрид и Струга.
Проектот за донирање облека се реализира со поддршка на Алфа банка АД Скопје. Започнат е пред две години кога беа поставени седум контејнери за облека во кои граѓаните можат да донираат облека. Следната година беше отворен пункт за облека каде социјално-загрозените семејства можат со ваучери да добијат облека, а отворањето на продавницата е трета фаза на проектот.
Според Црвениот крст на овој начин се прави и првиот чекор кон самоодржливост на овој проект кој е насочен кон помош и поддршка на ранливите категории.