Прекинат мечот Ѓоковиќ-Мареј

Од:

Второто полуфинале на Роланд Гарос помеѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ќе се доигра в сабота, откако поради лошите временски услови беше прекинато при резулат 2:1 во сетови за српскиот тенисер и 3:3 во четвртиот сет. Супервизорот на мечот на тенисерите им соопшти дека над Париз се подготвува невреме и поради тоа мечот мора да биде прекинат.

Ѓоковиќ ги доби првите два сета со 6:3, 6:3, во третиот Мареј возврати со 5:7, а во четвртиот резултатот е 3:3.

Инаку двајцата тенисери се наоѓаат во одлична серија од по 15 победи на земјена подлога. Ѓоковиќ се обидува да стигне до третото, а Мареј до првото финале на Роланд Гарос.

Инаку прв финалист на вториот Грен Слем во сезоната е Швајцарецот Стан Вавринка кој во четири сета (6:3, 6:7, 7:6, 6:4) славеше над домашниот тенисер Жо-Вилфред Цонга.

Полуфиналето помеѓу Вавринка и Цонга го решија неискористените брејк шанси за Цонга, францускиот тенисер искористи само една од 17-те брејк топки кои ги имаше во текот на мечот.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров