Варвринка финалист на Ролан Гарос

Од:

Швајцарецот Стан Вавринка е првиот финалист на Ролан Гарос откако попладнево во полуфиналето го победи Жо-Вилфред Цонга од Франција со 3:1 во сетови. Ова за Вавринка е најдобар резултат на Ролан Гарос, откако преходно играше во четвртфиналето во 2013 година. За Французинот Цонга по 2013 година повторно полуфиналето е крајниот дострел.

Вавринка поведе со 1:0 во сетови откако го доби првиот сет со 6:3 во гемови. Цонга изедначи добивајќи го сетот во тај брекот со 7:6 (7:1 на поени). Во следниот сет Вавринка беше подобар во тај брек – 7:3 на поени и четвртиот сет го доби со 6:4 во гемови.

Во второто полуфинале кое е во тек играат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров