Група од триесет и двајца косовски граѓани денеска ќе биде изнесена пред суд по обвинение, дека се приклучиле кон радикални терористички групи во Ирак и Сирија, пишува приштинскиот весник „Зери“.
На 8 мај специјалното обвинителство на Косово покрена против групата обвинение за регрутирање на борци за тероризам, за организирање и учество во терористички групи и за противзаконско поседување и употреба на оружје, пренесува Танјуг.
За некои од обвинетите има сомнение дека биле на страна на терористичката група „Исламска држава“ во Сирија.