За оние со авантуристички дух и кои сакаат да се постојано во движење идеално решение за домување е малата куќа на тркала, дело на група ученици од американската држава Калифорнија.
Оваа „портабл“ куќа е со димензии 4,8 на 2,1 метри и со вкупна површина од 10 метри квадратни. Куќата нема бања, кујна и водоинсталација, но сепак може да претставува иделно засолниште или работно место за писатели.
Основата на куќата ја сочинува железна рамка, на која е прицврстена дрвената конструкција, врз која од едната страна има сиви метални панели.
Ентериерот, во кој доминира белата боја, се состои од кревет со мал простор за складирање и мал креденец.
Врз куќата се поставени соларни панели од 250 вати, преку кои објектот се снабдува со електрична енергија.
Творците изработиле две вакви куќи, од кои едната е подарена на хуманитарна организација од Орегон, а другата се нуди на продажба по пат на аукција за почетна цена од 10.000 долари.