Петар Наумовски: МКФ функционира нормално

Од:

Во врска со наводите во медиумите дека во раководството на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) дошло до недоразбирање, па поради тоа директорот на репрезентациите Илчо Мерџановски и генералниот секретар Дејан Јовановски ја напуштиле МКФ, а претседателот Петар Наумоски останал сам, првиот човек на македонската кошарка преку соопштение, објавено на официјалната интернет страница на федерацијата ѝ се обрати на јавноста.

„Нормално е при промена на највисоките органи на Федерацијата да дојде и до промена на одредени раководни позиции во неа. Тоа не значи дека има конфликти и дека федерацијата не функционира. Директорот на репрезентациите Илчо Мерџановски е разрешен од оваа функција, но сé уште е активен во федерацијата, односно во исполнување на обврските кон федерацијата и обврските на федерацијата кон трети субјекти. Оваа одлука е донесена заемно, а во најкус рок ќе бидат именувани заменици за оваа позиција“, стои на почетокот на соопштението со дополнение дека на седница на Управниот одбор ќе се одлучува дали едно лице ќе раководи со оваа функција или ќе бидат именуванио повеќе лица кои ќе работат на различните репрезентативни нивоа.

Наумовски, исто така, потсети дека МКФ веќе ја ангажираше поранешната репрезентативка Моника Гавриловска.

Наумовски потврдува дека генералниот секретар Дејан Јовановски, по еден месец минат на функцијата од лични причини решил да си замине, бидејќи не можел во целост да ги исполни бараните обврски поради други лични ангажмани и дека тој се враќа на работното место каде бил и пред да биде именуван за генерален секретар на МКФ.

„По однос на заминувањето на доскорешниот генерален секретар Дејан Лекиќ, наведуваме дека тој беше разрешен од функцијата генерален секретар, но остана само како вработен. Увидувајќи дека не може да се вклопи во новиот начин на раководење, самиот одлучи да ја напушти федерацијата. Ова е апсолутно негово лично право и одлука и истата нема посебно да влијае на работата на федерацијата. Уште еднаш напоменуваме дека вакви промени се очекувани и нормални по промена на претседател и Управен одбор на една федерација и дека органите на федерацијата функционираат нормално и дека наскоро ќе бидат пополнети сите позиции во федерацијата“, стои во соопштението на првиот човек на МКФ, Петар Наумовски.

Наумовски, исто така, во соопштението ги моли медиумите да се воздражат од „вакви коментари и шпекулации особено во периодот кога репрезентацијата ја очекува настап на Европското Првнество“.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос