Најмалку 40 загинати при два напади во Нигерија

Од:

Најмалку 40 лица загина при два бомбашки напади во североисточниот дел на Нигерија, соопштија нигериските служби за безбедност.

Во првиот напад на пазар во градот Џимета, загинале најмалку 32 лица.

Според очевидец, нападот бил извршен со бомба поставена на еден трицикл паркиран на пазарот.

Во вториот напад во градот Мајдугури, бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што се наоѓал во неговото возило, пред влезот на локалната воена касарна.

При овој напад загинале осуммина војници кои биле распоредени на контролниот пункт пред касарната.

Досега никој не презеде одговорност за овие два напади, но според нигерсиксите власти тие потсетуваат на терористичките акции што ги презема исламистичката група Боко Харам, која веќе шест години води вооружена борба за создавање исламска држава на северот на Нигерија.

Во шестогидишниот бунт на Боко Харам загинаа околу 13.000 лица, а над 1,5 милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он