На најдобрите дипломирани инженери денеска во Охрид ќе им биде врачена наградата „Инженерски прстен“.
Признанието претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.
Наградата е во вид на круна од дабови лисја на чиј врв се наоѓа знакот на Инженерската институција. Дабовите лисја симболизираат чест и достоинство во македонскиот културен круг, а ѕвездата симбол на знаење.
Организатори на манифестацијата се Инженерската институција на Македонија, а покровител е претседателот на Република Македонија.