Сафарова – Вилијамс во финалето на Ролан Гарос

Од:

Чешката тенисерка Луси Сафарова и Американката Серена Вилијамс ќе се борат за трофејот на Грен слемот Ролан Гарос.

Сафарова во полуфиналниот меч ја совлада Ана Ивановиќ (Србија) со 2-0, во двата сета со по 7:5.

Во понеизвесен меч во второто полуфинале првата светската тенисерка Вилијамс со пресврт славеше победа над Тимеа Башчински (Швајцарија) со 2:1, по сетови 4:6, 6:3 и 6:0.

Утре на програмата се машките полуфинални дуели: Новак Ѓоковиќ (Србија) – Енди Мареј (В.Британија) и Жо-Вилфред Цонга (Франција) – Стан Вавринка (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров