Чешката тенисерка Луси Сафарова (13. носител) успеа да се пласира во финалето на Ролан Гарос откако во полуфиналето со 2-0 во сетови ја совлада Ана Ивановиќ (7.носител) од Србија.
Двата сета Сафарова ги доби со идентични 7-5 во гемови.
Во второто полуфинале ќе играат Серена Вилијамс (1) и Тимеа Башчински (23).
Утре на програмата се машките полуфинални дуели: Ѓоковиќ – Мареј и Цонга – Вавринка.