Регионален состанок на контакт амбасади на НАТО на земјите од Западен Балкан

Од:

Во организација на Амбасадата на Република Труција во Република Македонија денеска во Скопје се одржа Регионалниот состанок на контакт амбасадите на НАТО за земјите од Западен Балкан.

На состанокот покрај амбасадорите на Словачка, Унгарија и претставници од земјите од регионот, учествуваше и Тед Вајтсајд, вршител на должноста – помошник на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија.

Како што соопшти МНР, во текот на состанокот се дискутирало за можностите и за начините за јакнење на соработка на НАТО со земјите кандидати за членство во Алијансата.

Во текот на работниот ручек свое излагање имаше и министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој ги запозна присутните со реформските процеси кои ги презема Република Македонија, а во правец на побрзо добивање покана за членство во Алијансата.

Воедно, министерот Попоски ја реафирмира подготвеноста на Република Македонија, во рамките на своите можности и мандатот даден од Алијанската, преку мисијата „Решителна подршка“ и понатаму активно да учествува во градењето стабилна и безбедна иднина на Авганистан, што ќе се постигне со создавање позитивна безбедносна клима, почитување на човековите права, економски развој на земјата и јакнење на регионалната соработка.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија