Јотовски со пресврт до четвртфинале

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Кисељак, БиХ. Тој денеска во меч од второто коло со пресврт по водството на противникот Данаил Тарпов од Бугарија со 1-0 во сетови успеа да дојде до победа од 2-1.

Покрај триумфот за Јотовски е важно што на овој меч немаше ниту една двојна сервис грешка и за разлика од вчера имаше помал процент на загубени поени на свој сервис. Повторно Јотовски имаше повеќе брејкови 7 во однос на 3 на Тарпов.

Утре во четвртфиналето ќе игра против Стивен Де Вард од Австралија кој во три сета го победи Романецот Тудор Сулеа со 2:1 во сетови (7:5; 6:7;7:5).
Јотовски попладнево ќе игра и меч во двојки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров