аврши конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“ во штипско Ново Село, со финансиска поддршка од Министерството за култура.
Реализацијата на проектот, кој е дел од Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура, се одвиваше во неколку фази.
– Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Штип во изминатиот период, по сеопфатните анализи на овој значаен сакрален споменик на културата, извршија препокривање на црквата заради превентива од влага, чистење на живописот, кој датира од периодот на градење на црквата во 14 век и врз кој три века подоцна е насликан нов фрескоживопис од зографот Јован, како и консолидација на оштетените фрески. Последниот ваков зафат врз фрескоживописот, кој се одликува со исклучителни тонски квалитети, бил направен пред четири децении, соопшти ресорното Министерство.
Црквата „Св. Спас“ е изградена од војводата Димитрие во 1369 година како еднокорабна базилика со впечатливо обликувана надворешност.