Во Штип вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2015“.
Техничкиот директор на фестивалот Трајче Јованов информира дека се натпреваруваат 15 изведувачи и тоа Даниел Данн, Александра Михова, Александра Андова, Лена Заткоска, Панче Илиев и Иле Кикиритков, Марјан Стојановски, Бојана Атанасовска, Ивана Наумова, Ивона Јовановиќ со „Рафинерија“, Наде Талевска, Зоран Илиев, Наташа Малинкова, „Браво бенд“, Горан Наумовски и Дарко Илиевски.
– Откако се сумираа гласовите од жирито и публиката, тие во форма на поени им беа доделувани на сите 15 натпреварувачи, така што 9-те финалисти кои повторно ќе ги видиме в петок се Маја Вукичевиќ, Евгенија Чанчалова, Огнен Здравковски, Игор Митровиќ, Јоце Панов и Зуица Лазова, Ѓоко Танески, Александра Кукушева, Виктор Апостоловски и Верица Пандиловска, истакна Јованов.
Тој додаде дека вечерва е првата шоу програма во која ќе настапат дел од победниците на „Макфест“. Задоволен е од преносот на фестивалот на МТВ, кој и вечерва директно ќе се пренесува во 20 часот и 30 минути. в