Реакција на Државниот студентски дом – Скопје

Од:

„Државниот студентски дом – Скопје реагира на прилозите објавени во дел од електронските медиуми, во врска со функционалноста на лифтовите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ и во врска со недостигот на храна во  студентската менза и продавница.

Би сакале да информираме дека дефектот на лифтот во блок В е настанат пред 3 дена, а не пред 30, како што се наведува и дека во тек е замена на потрошните материјали, односно резервни делови, така што истиот ќе биде ставен во функција во најкус можен рок.

Истовремено, потсетуваме дека во тек е процес на етапна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“,  која започна со темелна обнова на блокот Б, по што ќе бидат опфатени и сите останати објекти, вклучувајќи и замена на лифтовите во нив. Во таа насока апелираме на трпеливост, со оглед на тоа што се работи за капитална и подолгорочна активност.

По однос на недостигот на храна, исто така, известуваме дека се работи за шпекулација, имајќи во предвид дека дистрибутерите на храна во домот редовно и навремено ги извршуваат договорените услуги.

Апелираме до сите медиуми за проверка на состојбите, пред да биде објавен било каков натпис, во кој ќе нема информација од Државниот студентски дом – Скопје“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Сместување во студентските домови со најмногу 30 години возраст и забрана ако е сторена потешка повреда на куќниот ред

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски