Во Италија уапсени 44 лица осомничени за корупција

Од:

Италијанската полиција денеска упаси 44 лица осомничени дека се дел од мрежата корумпирани политичари и деловни луѓе, кои „местеле“ тендери со цел да добијат овластувања за управување на центрите за прием на имигранти во Италија.

Апсењата се случија по минатогодишното разоткривање на ланецот на корупција во локалната власт на Рим, наречен „Мафијски капитал“, што го натера Градското собрание да ја повика Националната управа за борба против корупција да го истражи списокот на сомнителни договори.

Римската полиција објави дека издаден е налог за приведување на уште 21 лице во областа околу Рим, И’Аквила во Централна Италија, како и во Катанија и Ени на Сицилија.

Отварањето приемни центри за имигранти е мошне исплатлив бизнис за бескруполозните оператори, особено со оглед на интензивирање на кризата во оваа област и пристигнување на се повеќе имигранти во Италија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале