Твитер: Падна Владата (на екстерно)

Од:

Без логика, комплетно погрешни, нерешливи, прашањата за екстерното тестирање се уште се топ-тема.

Составувачите на прашања веднаш паднаа на испитиот,не знаат колку букви има кирилицата.

На прашањето:

Колку букви има кирилицата која настанала со преобразба и поедноставување на глаголицата понудени се 4 одговори, и тоа сите неточни:

а) 58;
б )48;
в) 28;
г) 38.

Доколку составувачите се потруделе и научеле, ќе виделе дека точниот одговор на прашањето е 44.

Деветооделенците требале да дадат одговор и на прашањето како да се реши спорот со името. Како опции им се дадени:

а)дипломатија
б) компромис
в) спогодба

Делото „Мртви души“ не е во програмата, но учениците сепак требале да знаат кој лик е скржавец.

Одговорот на прашањето кои четири планети Данте ги видел на излегување од пеколот и што симболизираа тие, го нема во учебникот, туку во поговорот, во едно од многуте изданија на „Пеколот“.

Списокот на погрешно формулирани прашања е долг, има многу двосмислени прашања, јазични грешки.

Еве дел од коментарите на Твитер заедницата:

Прашање екстерно 7мо одд. етика:”Како се нарекува внатрешниот глас кој нé тера да внимаваме што правиме?” #екстерно #протестирам

#екстерно IIден – Деца,ко деца,очекуваат дека наставничките им знаат се’. Наставнички,ко наставнички,на повеќето само штиклите им се високи.

Ова е тој стабилен систем на #ЖМРО, на #Ж. Ова стои повеќе од еден час, кога не сте спремни не почнувајте. #екстерно

ФалаНикола што картата за концертот на #OneRepublic ја посветив на учење за #екстерно.

#екстерно-Падна Владата(на екстерно)
#екстерно – до следната идеја како да ги оцениме учениците и како да ги казниме наставниците

Гледам на #МТВ реклами за важноста на #математика-та за опстанокот на животот и се чудам како сите ние трупците сме се уште живи. #екстерно

Едноминутно молчење за сите наставнички кои сакаа на #екстерно да им кажуваат на децата ама “нема понудено точен одговор”. #враќајдипломата

#екстерно-прашањата конфузни и нелогични-како Владата

#екстерно на екстерно падна Владата

#екстерно е најглупавата работа што му се случила на образованието.

#екстерно – единица мерка за несоодветно оценување на постигањата на учениците.

Учителки со високи штикли и низок коефициент на самопочит денес полагаа екстерно. Левел: нема левел. #екстерно

Колку е големо големото? – глупо прашање на кое нема одговор. Може за #екстерно!

Брат ми 4. одделение ми вика “Имам 5 у дневник. Ако добием 3 на екстерно што ќе биде?”. Поголем IQ од цела ваша багра има. #екстерно #ж

Едно прашање поставено на 10 различни начини. #екстерно
#Прашање за #екстерно – област #Жмрологија -Колку #Женски собира на јахта: a) 10 б) 10 + #Ж в) 10 + #Ж + 5-6

Знаете што е #ИРОНИЈА ??? #ВМРО воведува #екстерно !! а од друга страна му дава акредитација за отворање на Медицински Факултет на Бојо !!

Господине Адеми, прво научете го периодниот, а потоа променувајте го образовниот систем. #екстерно #образование #македонија

Екстерното тестирање ќе се спроведува до 10 јуни, а за оваа учебна година кое ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со еден час неделно генерирани се 100 прашања, за предмет со два часа неделно 200 прашања, за предмет застапен со три часа неделно 300 прашања.

Укинувањето на екстерното тестирање беше едно од барањата на средношколците кои протестираа и три недели кампуваа пред вратите на Министерството за образование.

Би можело да ве интересира

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска