Заев: Ако Груевски остане во Владата, СДСМ продолжува со отпор на улица

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

Тема на средбата беше рамката за преговори утврдена на вчерашната средба на политичките субјекти со еврокомесарот за проширување во Скопје, Јоханес Хан.

-Докоментот содржи добра стартна основа што сега треба да ја испочитуваат сите потписници на документот. Во документот е прецизно наведена обврската за Влада што треба да ги организира следните избори. Клучно, дали ќе биде постигнат договор на 10-ти јуни во Брисел е да се договори профилот на таа Влада. Ставот на опозицијата е познат за јавноста, дека е прифатлив секој формат и состав на Влада во којашто нема да бидат Груевски и креаторите на кризата во Македонија. Доколку тоа не се постигне, СДСМ ќе одбие отпочнување преговори и ќе продолжи со утврденото вонинституционално дејствување, изјави претседателот Заев.

Заев Мултановски1

На средбата посебно стана збор и за механизмите за имплементација на поглавјата 23 и 24 од Скрининг процесот, за што се обврзаа вчера потписниците, а коишто треба да обезбедат независен правосуден систем и ослободување на медиумите од контролата на актуелната власт.

Заеднички е констатирано дека Македонија се наоѓа во најдлабоката политичка криза од независна Македонија и дека е исправена пред сериозни предизвици за враќање на демократските процеси.

-Европската Унија и меѓународната заедница се исто така пред предизвикот на практично ниво да ги потврдат заложбите за европските вредности што се бараат од земјите кандидатки и членки на ЕУ и НАТО, преку поддршка на принципиелни процеси какви што се потребни за специфичната ситуација во Македонија, рече претседателот на СДСМ, Заев, на денешниот состанок со амбасадорот на Полска, Мултановски.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат