ДС: Партиите да водат сметка за државните интереси

Од:

„Демократскиот сојуз го поддржува политичкиот дијалог, како начин за постепено излегување од длабоката политичка криза која ги загрозува економскиот развој, стабилноста и евроинтеграциските процеси.

Демократскиот сојуз укажува на потребата во Платформата (договорот), да се дефинира начинот и постапката за утврдување на политичката одговорност за носителите кои не вовлекоа во кризата, потоа зајакнување на контролните механизми преку системски промени за поставеноста на судскиот систем, цивилна контрола над службите за безбедност, како и промени на изборен модел за реално отсликувале на волјата  на граѓаните во Парламентот.

ДС укажува на потребата за ефикасна борба против институционалниот криминал преку воспоставување на заокружен систем за борба против организираниот криминал, односно системи за откривање на скриениот имот на носителите на јавни функции, конфискација на нелегално стекнатиот имот и забрана за политичко дејствување од најмалку 10 години.

ДС е против амнестија на  тие што се одговорни за масовно кршење на правата на граѓаните (преку прислушување и сл.), како и тие што се вклучени во коруптивни активности, селективна примена на правото и монтирани судски процеси.

ДС ги повикува партиите кои се директно вклучени во преговарачкиот процес да водат сметка за државните и интересите на граѓаните, а не на преден план да ги ставаат личните и партиските интереси“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски