„Коха диторе“: Имами и НВО шират верски екстремизам во Косово

Од:

Единаесет лица и 50 невладини организации се главните виновници за негувањето и ширењето на верскиот есктремизам во Косово, констатира приштинсит весник „Коха диторе“.

– Екрем Авдиу, Шефќет Красниќи, Енес Гога, Лукман Незири, Кастриот Дука, Фарук Локај, Мазлум Мазлуми, Селатин Шаља, Шабан Шабани, Јетон Река и Шукри Али се осомничени дека го почнале и го негуваат салефизмот, пишува „Коха диторе“.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА, поголемиот број од нив минатата година биле уапсени под сомнеж за регрутирање на поединци со цел извршување терористички активности.

По потпишување на петиција од шест илјади граѓани на Србица, имамот Кастриот Дука е протеран во Албанија и му е забранет влез во Косово, додека Шукри Алиу е убиен во Македонија.

– Главни финансиери на есктремизмот биле многу органзиации, меѓу кои и „Ал Хараманеи“, „Истанбул“, ИВЦ и КОФФ, кои веќе го напуштиле Косово, оствајќи ги зад себе „ларвите“ со формирање на невладините организации „Трага“, „Фондакос“, „Сфера“, „Едностраност“…, наведува весникот.

„Коха диторе“ истакнува дека ваквите сознанија произлегуваат од изваштај на Косовската агенција за разузнавање во кој биле содржани повеќе детали, а кој и бил доставен на Владата на Косово во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица