Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд денеска постигнаа согласност за условите на договорот со Грција „пари за реформи“, јави висок европски претставник.
Договорот става крај на четиримесечните преговори за грчкиот долг.
Предлогот за договорот е изработен откако лидерите на Германија и на Франција се сретнаа со шефовите на ЕК, ЕЦБ и ММФ и ги повикаа да ги усогласат разногласијата и да се постигне решение со Грција.
Не е јасно дали кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој се заложи дека нема да се согласи на повеќе мерки за штедење, ќе го прифати планот на кредиторите.