На брегот на еден од шпанските Балеарски Острови е изградена проѕирна куќа со стаклени ѕидови од која се пружа прекрасен поглед кон сините води на Медитеранот.
Според нејзините творци, архитектите од дизајнерското студио ААБЕ, куќата ги следи знаците на природата, бидејќи во неа доминира прекрасното опкружување, ѕидовите стануваат прозорци, дрвата се шират под конструкцијата, а сончевата светлина навлегува во секој дел на внатрешноста.
Дополнителен елемент на куќата е базенот, кој е така поставен што оддава впечаток на поврзаност на градбата со блиското море.
Од сите страни на куќата, независно на кој кат и да се наоѓате, се гледа хоризонтот, кој делува отворено и недопирливо.
Станбениот простор во куќата е дефиниран во согласност со транспаретноста на прозорците, што придонесува за стимулирање фантазијата и се овозможува одмор на мозокот од секојдневните проблеми, стресот и градската врева.