Женско дете на возраст од година и пет месеци почина откако нејзините родители ја заборавиле во автомобилот на паркинг три часа во северниот италијански град Виченца, пренесе Макфакс.
Џоја Јеку, веројатно починала од топлотен удар или од задушување, откако била оставена во автомобилот на паркинг три часа на жешкото италијанско сонце во неделата попладне.
Според порталот Vicenza Today, нејзините родители и петтемина браќа присуствувале на литургија порано тој ден во Аракоели, каде семејството кое потекнува од Брегот на слоновата коска, живее подолго време.
Потоа семејството се вратило дома за неделен ручек, пред да заминат во трговски центар, оставајќи го девојчето во автомобилот со затворени прозори.
Родителите на девојчето, Семјуел Јеку (51) и Леонтин Куаме (40), се јавиле во брза помош кога се вратиле во возилото по девојчето, но веќе било доцна.
Тие подоцна и кажале на полицијата дека ја забоавиле ќерката в кола. Објасниле дека мислеле оти браќата се грижат за неа, а децата рекле дека мислеле оти девојчето е со нивните мајка и татко.
Сега се под истрага за небрежност. Семејството се преселило во Италија пред 24 години, а пред неколку години, истот така, го изгубиле новородениот син, пишува Vicenza Today.
Трагедијата се случува по две години откако двегодишниот Лука Албаназе, почина во слична несреќа. Неговиот татко го беше заборавил на задното седиште во авотмобилот кога заминал на работа, па во северниот град Пјаченца.
Момчето беше најдено дента малку подоцна, а почина од задушување на температура и до 60 степени Целзиусови. Таткото беше ослободен од обвинението за небрежност.