Изложба на уметнички дела изработени од употребена тетрапак амбалажа како дел од наградниот конкурс „Еко пакет Македонија“ ќе биде поставена утре, во 18 часот во холот на Младинскиот културен центар во Скопје.
На изложбата ќе учествуваат 23 основни училишта со 68 уметнички дела изработени од селектирана тетрапак амбалажа.
„Проектот Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, воспитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената тетрапак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите“, соопшти ОХО – Асоцијацијата за едукација, комуникација и консалтинг.