Eco Guerilla: Југохром продолжува да загадува, Владата молчи

Од:

Движењето Eco Guerilla бара од Владата на РМ во најкраток можен рок да излезе со одлука со која на Југохром ќе му се наложи да постави филтри.

„Дека оваа Влада се грижи само за личната корист на олигарсите, а не за интересите на мнозинство на граѓани го докажува уште еднаш во случајот на Југохром. Помина еден месец од крајот на третиот продолжен рок за овој канцероген загадувач, за да го започне процесот на поставување на филтри, а Владата продолжува да молчи“, се вели во реакцијата од Eco Guerilla.

Според нив, толеранцијата на загадувачите во неспроведување на дополнителни рокови, кои до сега се продолжувани три пати, е кривично дело.

„Овој пат бараме од Владата строго да го примени Уставот и законите на Република Македонија, така што истите ќе вредат како и во случајот на Макстил во Скопје , така и за Тетово“, порачуваат од Eco Guerilla.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза