Деведесет и двегодишна Американка е најстарата жена што го истрчала маратонот што вчера се одржа во Сан Диего.
Хариет Томпсон, која има 92 години и 65 дена, била дочекана со овации кога стигнала на целта по седум часа, 24 минути и 36 секунди трчање.
Претходно титулата најстара маратонка ја држеше Гладис „Гладијатор“ Бурил, жена која имала 92 години и 19 дена кога го истрчала маратонот во Хонолулу во 2010 година.